Кек ги испофали фудбалерите: Македонија нема да биде турист на ЕП
Селекторот на Словенија, Матјаж Кек уште еднаш потврди дека Македонија сосема заслужено ќе игра на ЕП, но и дека „црвено-жолтите“ нема да бидат туристи на континенталниот собир и селекциите на Австрија, Украина и Холандија никако не смеат да ги потценат избраницитена Ангеловски. Неговата репрезентација денеска се спаси од пораз на Навионалната Арена „Тодор Проески“ со гол во 97. минута.
– Од наша страна одигравме две различни полувремиња. Првото полувреме сум задоволен како го одигравме, мислам дека и доминиравме на теренот, но второто не. И посакувам среќа на Македонија на Европското првенство. Оваа Македонија долго се формираше и врв за нив е настапот на ЕП, но таму верувајте нема да бидете туристи. Македонија е многу незгоден противник за секој, се виде тоа и со Германија, се виде и денеска, иако ова беше само пријателски меч, а сосема друго ќе биде на ЕП. Не зборувам јас од куртоазија, посакувам Македонија да има добар настап и резултат. Не ми е Македонија само симпатична, туку тоа е селекција со голем квалитет, ги знам многу добро дел од фудбалерите. А, верувајте и тие противници не се најсреќни што ја имаат Македонија на првенството – изјави Кек на пре-конференцијата по натпреварот.