Еминем и Кејт - Фото: Принтскрин/Јутјуб

Кејт Винслет откри дека Еминем имал експлицитно барање од неа: „Му одговорив – не се занимавам со туѓа хигиена“

Кејт Винслет гостуваше во шоуто на Греам Нортон, каде што сподели необична анегдота поврзана со раперот Еминем и едно негово сосема неочекувано барање. Во студиото со неа беа поранешната новозеландска премиерка Џасинда Ардерн, комичарот Алан Кар и Сет Мајерс.

Разговорот ги однесе до популарната емисија „Saturday Night Live“, каде што Мајерс помина години, а потсети и дека Винслет еднаш била во улога на гостин-водителка, пренесува „Е Њуз“.

Токму од тој период, актерката се присети на својот необичен и како што рече, малку непријатен момент со Еминем.

„Кога бев таму, беше навистина застрашувачки. Тоа беше истата недела кога пејачката Ешли Симпсон беше фатена како синхронизира. Тогаш работев со Еминем. Тој период траеше премиерата за филмот „Neverland“, а Џони Деп и јас моравме да ја прескокнеме пробата затоа што патувавме за Чикаго на интервју кај Опра“, раскажала Кејт.

Потоа откри дека размислувала како ќе изгледа нејзиниот воведен монолог во живо – но она што го памети најмногу е нешто сосема друго.

„Морам да кажам дека ова никогаш порано јавно не сум го споделила. Еминем ме замоли да му го избричам задникот. Му реков дека не се занимавам со туѓа хигиена. Не планирав со жилет да одам по нечиј задник. Никогаш претходно не сум ја кажала оваа приказна“, изјави Винслет пред публиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот