Фото: Инстаграм/Кејт Бекинсејл

Кејт Бекинсејл со скршено срце: Почина нејзината мајка, познатата актерка Џуди Лоу

Британската актерка Кејт Бекинсејл (51) ја сподели тажната вест за смртта на нејзината мајка, актерката Џуди Лоу, која почина на 78-годишна возраст по, како што напиша актерката, „неизмерно страдање“. Таа откри дека нејзината мајка починала на нејзини раце, во ноќта меѓу 15 и 16 јули.

Иако причината за смртта сè уште не е официјално потврдена, Бекинсејл претходно обелодени дека Лоу последните две години се борела со рак во четврти стадиум.

Во емотивна објава на Инстаграм, актерката сподели фотографии и видеа од семејни моменти, придружени со потресна порака: „Не сакам ова да го објавам. Го правам тоа само затоа што морав да ја регистрирам нејзината смрт, а таа информација ќе стане јавна. Почина на моите раце, по долга агонија. Немав сили да одберам ‘најдобри’ фотографии – не можам ни да ја прелистувам галеријата“.

Таа се извини и на пријателите на нејзината мајка што дознале преку медиумите, бидејќи, како што рече, нема сила лично да ги контактира.

„Џуд беше мојот компас, љубовта на мојот живот, мојата најдобра пријателка. Срцето на таа ситна жена допре многумина. Беше храбра, понекогаш и премногу простодушна, но секогаш веруваше во добрината. Без неа, светот е толку темен што тешко може да се издржи.“

Објавата ја заврши со болни зборови: „Мамо, те сакам бескрајно. Ова беше мојот најголем страв уште од моментот кога на пет години го најдов татко ми мртов и сега повторно сум тука. О, мамо… ми е толку жал“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Beckinsale (@katebeckinsale)


Смртта на Џуди Лоу доаѓа само 18 месеци по загубата на нејзиниот втор сопруг, режисерот Рој Батерсби, саканиот очув на Бекинсејл, кој почина во јануари 2024 по тежок мозочен удар и борба со два вида рак.

Инаку, Џуди Лоу веќе еднаш била вдовица – нејзиниот прв сопруг и татко на Кејт, познатиот актер Ричард Бекинсејл, почина ненадејно од срцев удар во 1979 година, на само 32 години. Кејт тогаш имала само пет години, а Џуди се опоравувала во болница по операција. Ноќта пред неговата смрт, Ричард ја посетил со малата Кејт, жалејќи се на замор и болка во градите – наутро веќе не се разбудил.

Кејт во неколку наврати отворено зборувала за последиците од детската траума – посттрауматскиот стрес кој го носи од денот кога го пронашла мртвото тело на својот татко. Таа откри дека смртта на очувот Рој повторно ја активирала таа болка.

„Да го пронајдеш телото на татко ти среде ноќ кога имаш пет години, тоа те формира за цел живот. Да го гледаш потоа како умира човекот што ти беше втор татко… Тоа никогаш нема да го заборавам“, напиша Бекинсејл.

Кејт Бекинсејл откри дека била жртва на сексуална злоупотреба: Колега ѝ го искинал костимот и ѝ оставил модринки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот