Кејн можете да го чувате и додека пушите цигара

Англичаните имаат пет победи во петте натпревари во квалификациите за Мундијалот во Катар/ фото: EPA-EFE/NEIL HALL

На Англичаните добро им оди на Светското првенство во Катар, но капитенот на селекцијата, Хари Кејн, и натаму трпи критики на своја сметка.

Најостар во критиките кон Кејн беше легендарниот англиски фудбалер Тони Адамс, кој не штедеше критики кон капитенот на Англија.

„Хари Кејн не напаѓа длабоко зад одбраната и не се врти со лице кон вас. Тој е играч од средниот ред кој оди длабоко за да добие топка. Веројатно сите мислат дека имам нешто против Кејн откако реков дека треба да му се земе капитенската лента и да се даде на Деклар Рајс, но не е така. Не е работата за ривалството меѓу Тотенхем и Арсенал. Неопходен ни е Хари Кејн, тој е еден од најдобрите напаѓачи на светот, доволно е да се погледнат неговите бројки, но јас да сум стопер кој игра против него во Катар, би го чувал и со цигара во уста“, рече Адамс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот