Кејн би бил глупав доколку не премине во Сити или Ливерпул

твитер

Поранешниот фудбалер, а сега стручен аналитичар, Крис Сатон, смета дека Хари Кејн мора да го напушти Тотенхем доколку сака да освојува трофеи.

Хари Кејн со години е најдобар играч на Тотенхем, но никако не успева на клубот да му донесе трофеј.

Екипата минатата сезона играѓе дури и во финалето на Лигата на шампионите каде загуби од Ливерпул, а сезонава беа далеку од трофеи поради што беше сменет тренерот Маурицио Покетино, а Кејн неколку месеци отсуствуваше од терените.

Олдичниот напаѓач конечно јавно ги искажа своите фрустрации викендов, кога изјави дека ќе си замине од Тотенхем доколку работите не одат во посакуваната насока.

Стручниот аналитичар на Би-Би-Си, Крис Сатон, вели дека ја разбита ситуацијата со Кејн.

Доколку сака да триумфира во Премиер лигата, тогаш мора да замине во екипа која има поголеми шанси од Тотенхем. На сите ни е јасно дека сака да освојува трофеи, но тогаш мора да си замине. Тотенхем е одличен клуб, но е далеку зад Ливерпул и Манчестер сити и ако неј од тие два тима тргне по него, Хари би бил групав доколку не го напушти Тотенхем – вели Сатон.

Слично мислење има уште една легенда во Премиер лигата, Јан Рајт.
Ливерпул и Манчестер сити имаат фантастични менаџери кои знаат како се освојуваат трофеи. Кејн најави дека следната сезона ќе биде првата шанса за новиот тренер да донесе нови вредности во екипата. Но, доколку и тогаш не се смени ништо и Хари одлучи да си замине тогаш мора сите да се запрашаат „Па и Мурињо е менаџер, но дали се смени нешто? Не може со таков напаѓач да не освоиш никаков трофеј – додава поранешниот напаѓач на Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот