Кејлор Навас е нов голман на Нотингем форест

Нотингем форест го ангажираше Кејлор Навас кој доаѓа како позајмица од ПСЖ до крајот на сезоната.
Овој 36-годишен голман има огромно искуство на меѓународната сцена, со голем број на титули освоени со Реал Мадрид и ПСЖ.
Со „кралевите“ трипати ја освојуваше Лигата на шампионите, а со париските „светци“ двапати беше првак на Франција.
Вкупно 110 пати ги бранеше боите на репрезентацијата на Костарика, а настапи и на последното Светско првенство во Катар.
За првпат во неговата кариера ќе игра во Премиер лигата каде што моментно по 20 кола составот на Стив Купер е на 13 место со 21 бод.
Во последниот ден од зимскиот преоден рок Нотингем форест ги доведе и Џонџо Шелви, досегашниот играч од средниот ред на Њукасл и одбранбениот фудбалер Фелипе кој доаѓа од Атлетико Мадрид.
Keylor Navas is a Red. 😍
Your new home awaits. 🏡
— Nottingham Forest FC (@NFFC) January 31, 2023