Кедира во тајна врска со фудбалерка на Баерн (ФОТО)

twitter/sportlive

Фудбалерот на Јувентус се најде во центарот на вниманието на германската јавност.

Медиумите открија дека 33-годишниот Сами Кедира, веќе извесен период е во тајна љубовна врска со капитенот на женскиот тим на Баерн и германска репрезентативка, Мелани Лојполц.

инстаграм

Нивната романска започнала уште минатата година кога Кедира поради убавата 26-годишна Мелани заминал во Регенсбург за да го следи натпреварот на женската репрезентација на Германија против Чиле.

инстаграм

Иако и двајцата ја негираат врската, германските медиуми твдат дека имаат докази, но засега одбиваат да ги презентираат на јавноста.

Мелани Лојполц е една од најдобрите германски фудбалерки која со Баерн Минхен два пати ја освојуваше титулата во домашното првенство, додека со репрезентацијата има триумф на Европското првенство во 2013 година и златен медал од Олимписките игри во Рио де Жанеиро од 2016 година.

инстаграм

Од друга страна, Сами Кедира се смета за еден од најголемите германски заводници чија слабост до појавувањето на Мелани, беа манекенките.
Кедира пред неколку години ја раскина веридбата со германската манекенка Лена Грецке и неа ја замени со топ моделот Адријана Лима но врската не траеше долго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот