Кеба ќе ги памети зборовите на Тома Здравковиќ цел живот: Се сретнале само еднаш на 5 минути

Фото: Инстаграм

Во Белград, на Скадарлија вчера точно напладне беше откриен споменикот на легендарниот српски композитор и пејач на народна музика, Тома Здравковиќ, кој почина пред нешто повеќе од три децении, на 30 септември 1991 година.

Меѓу многуте познати личности кои присуствувале на настанот бил и Драган Којиќ Кеба, кој раскажал анегдота со Тома, која се случила за време на некој концерт на познатиот пејач.

– Имав среќа во животот да го запознам Тома и да бидам со него пет минути. Се сеќавам дека беше 1987 година. Во тоа време беше многу модерно да се пее на саемот во Шабац. Јас настапував како воведен пејач, додека не дојдоа Тома, Шабан, Зорица, Весна… Сите ѕвезди тогаш пееја на тие настани. Дојде Тома, ме потапка по рамо и ми рече: „Заслужуваш повеќе од ова, ќе се случи“. За жал, никогаш повеќе не го видов, а тој момент го паметам како незаборавен – изјавил Кеба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот