Фото: Општина Аеродром

Казна од 1.300 евра за фирма чии камиони со валкани гуми возеле по булевар во Аеродром

Во близина на средното училиште „Димитар Влахов“, инспекторите на Општина Аеродром денеска изрекле казни во висина од 1.300 евра за компанија и одговорно лице кои дозволиле камиони со валкани гуми да се движат по коловозот на булеварот „Трета македонска бригада“,

Компанијата била казнета со 1.000 евра, додека пак одговорното лице добило казна од 300 евра поради прекршување на Законот за јавна чистота.

„При извршена контрола на градилиште во близина на СУГС „Димитар Влахов“ на булевар „Трета македонска бригада“, инспекторите утврдија дека градежни возила се движеле по коловоз со нечисти гуми, со што се нарушува чистотата на јавните површини и се создава дополнително загадување“, велат од Општина Аеродром.

Од Општината истакнаа дека во наредниот период ќе се интезивираат контролите на сите активни градилишта.

„Во наредниот период ќе продолжат и дополнително ќе се интензивираат контролите на сите активни градилишта. Особено внимание ќе се посвети на почитувањето на мерките за заштита на животната средина, спречување на загадувањето и несоодветното одлагање отпад, одржувањето чиста и безбедна околина околу градилиштата, како и на заштитата на јавните површини од узурпација“, се вели во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот