Кавга во вила од 60 милиони долари, причината е неверојатна! Џеј Ло бара посебна дисциплина од Бен поради една работа

Фото: Instagram/ jlo

Холивудската двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек наводно се караат за домашните миленици во нивната палата на Беверли Хилс вредна 60 милиони долари.

Латино дивата и актерот имаат осум кучиња и една мачка. Џенифер бара посебна одговорност кога се животните во прашање, додека Бен е поопуштен, поради што таа наводно го смета за мрзлив.

– Тоа е комплетна Зоолошка градина во нивната куќа. Џен се колне дека е единствената што им го чисти нередот и секогаш му забележува и го тера Бен да и помогне повеќе и барем да им го собере изметот – открил за „Хит“ извор близок до парот за „Хит“, па додал:

Тој ангажирал компанија за да го чисти нередот наместо нив, што навистина ѝ пречи на Џен, бидејќи тој самиот е повеќе од способен тоа да го направи, па според неа, едноставно е мрзлив, наведува споменатиот весник.

Како што исто така се наведува, изгледа дека милениците го претпочитаат Бен пред газдарицата, што наводно ѝ пречи на Лопез.

– Се чини дека кучињата се особено приврзани за Бен. Сите трчаат по него кога ќе влезе во собата. Ако излезе од дома, почнуваат да кукаат и сакаат да го следат. Во суштина, тој ги добива сите поволности, без никаква работа, што е една од најголемите фрустрации на Џен кон него – рекол изворот, а потоа заклучил:

– Се шегува дека таа е љубоморна на кучињата, но Џенифер чувствува дека тоа има пасивно-агресивен тон. Лопез на тоа гледа како на напад, но Бен на тој начин сака да ѝ влезе под кожа. Тоа е прилично детско и не многу здраво – вели изворот.

Oткриена е тајната за младоликиот изглед на Џенифер Лопез: Тоа е цел спектар на активности

ВИДЕО | Вистински „џентлмен“: Бен Афлек ѝ ја тресна вратата од автомобилот на Џенифер Лопез

ФОТО | По интимните моменти со поранешната сопруга: Бен Афлек и Џенифер Лопез „уловени“ во жестока расправија

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот