ФОТО | По интимните моменти со поранешната сопруга: Бен Афлек и Џенифер Лопез „уловени“ во жестока расправија

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Џенифер Лопез и Бен Афлек често се на мета на медиумите, особено откако се појавија фотографии на кои се гледа дека е постојано насмеан покрај поранешната сопруга Џенифер Гарнер, пишува „Пејџ сикс“.

Имено, актерот и пејачката беа „уловени“ во лошо расположение додека се возеле низ Лос Анџелес. На фотографиите што ги споделија странските медиуми, тие беа фатени во, како што изгледа, жестока расправија.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Како што пренесува „Пејџ сикс“, атмосферата за време на возењето на холивудската двојка била доста напната. На една од фотографиите може да се види пејачката како луто гледа, додека Бен ѝ се обраќа.

Парот во неколку наврати беше забележан во лошо расположение во јавноста, а со оглед на тоа што Бен неодамна беше фотографиран како ужива во друштво на поранешната сопруга, многумина се прашуваат каков однос навистина има со Лопез.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Инаку, Бен и неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер се венчаа во 2005 година, а решија да се разведат во 2015 година. Долго време беа во лоши односи. И покрај тоа што не успеаја да останат заедно, за доброто на децата ги решија сите недоразбирања што ги имаа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот