Кавани, Мертенс, Педро, Жиру: Што носи иднината за новите слободни агенти?

фото: твитер

Во центарот на вниманието ќе биде Кавани кој е во потрага по нов клуб, неговиот план е да обезбеди тригодишен договор и биде во добра форма за СП 2022.

Пандемијата на коронавирусот веќе влијае врз следниот летен преоден рок, со тоа што многу клубови се соочуваат со економска криза, без приходи од билети и ТВ права.

Можно е сезоната во некои лиги да биде откажана, во други е изразена желбата да заврши сезоната…

Но, и натаму не е пронајдено решение во врска со договорите на играчите кои истекуваат на 30 јуни.

twitter.com/Chelsea24News

Во центарот на вниманието ќе биде Кавани кој е во потрага по нов клуб, неговиот план е да обезбеди тригодишен договор и биде во добра форма за СП 2022. Тој веќе ја одби понудата на Бока јуниорс, а интерес има од Премиер лигата, Интер Мајами (САД) и Атлетико Мадрид.

Се шпекулира дека досегашниот играч на Сити, Давид Силва, би можел да продолжи во американската МЛС лига, иднината на Педро во Челзи е неизвесна, а Наполи ќе се раздели со можеби едни од најклучните досегашни фудбалери во составот, Мертенс и Каљехон.

Без сомнение се очекува бурно лето во Париз, пред излезните врати на ПСЖ се наоѓаат атрактивни имиња како како Силва и Кавани, потоа Муние за кој има интерес од Борусија Дортмунд, а Курзава би можел да се пресели во Арсенал, пренесува „Марка“.

twitter.com/lbudhrani

Уште не е познато што ќе одлучи Ибрахимовиќ, тој моментно тренира во Шведска, дали ќе ја заврши кариерата или и наредната сезона ќе ги брани боите на Милан.

Дури и јас не знам што ќе правам, секојдневно сме сведоци на нови моменти – рече искусниот 38-годишен напаѓач на „росонерите“.

Еве како изгледа листата на познати фудбалски имиња на кои им истекуваат договорите годинава на 30 јуни:

Единсон Кавани (ПСЖ), Лејвин Курзава (ПСЖ), Томас Муние (ПСЖ), Тијаго Силва (ПСЖ), Дрис Мертенс (Наполи), Хозе Каљехон (Наполи), Златан Ибрахимовиќ (Милан), Борја Валеро (Интер), Вилијан (Челзи), Педро Родригез (Челзи), Оливие Жиру (Челзи), Вили Кабаљеро (Челзи), Јан Вертонген (Тотенхем), Давид Силва (Манчестер сити), Клаудио Браво (Манчестер сити), Адам Лалана (Ливерпул).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот