Катрин Денев блесна на Кан: Актерката воодушевена од реакцијата на публиката

катрин денев
Фото: EPA-EFE

Катрин Денев, иконата на Канскиот филмски фестивал од 60-тите години на минатиот век, во неделата изјави дека годинешниот филмски фестивал најмногу ја трогнал по пандемијата на коронавирусите и мозочниот удар што го преживеа во 2019 година.

Семејството откри: Катрин Денев доживеала мозочен удар

77-годишната Денев, е столб на француското кино и сè уште се појавува во бројни филмови. Облечена во црн фустан од кадифе и златен ѓердан.

катрин денев
Фото: EPA-EFE/Sebastien Nogier

Катрин се врати во Кан во саботата на премиерата на филмот „Peaceful“ кој е дело на францускиот режисер Емануел Беркот.

катрин денев кан
Фото: EPA-EFE

Денев и нејзиниот тим заработија овации, што видливо ја трогнало актерката. Таа ретко се појавуваше во јавноста откако почна пандемијата.

катрин денев
Фото: EPA-EFE/KATE GREEN /

Беше апсолутно извонредно. До последен момент се прашувавме дали навистина ќе се одржи“, рече Денев на прес-конференција.

„Го познавам Кан многу долго време. Секој пат е нешто сосема друго. Но, мислам дека некогаш не сум била толку трогната како што бев минатата ноќ кога влегов во киното и видов како публиката го поздравува филмот и мене“, додаде таа.

катрин денев
Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот