Катна гаража, модерно осветлување, нова општинска зграда се дел од клучните проекти за 2025 во Центар
На завршниот Буџетски форум, организиран од Општина Центар и одржан во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, граѓаните и општинската администрација ги дефинираа приоритетите за 2025 година. Се дискутираше за нацрт-програмите за наредната година, тековните предизвици и потребите на граѓаните, а беа дадени предлози и сугестии кои ќе бидат вградени во новите програми и проекти.
Препорачано
Со заеднички ангажман и соработка меѓу граѓаните и општинската администрација, транспарентно и отчетно ја градиме иднината на нашата општина, истакна Герасимовски во обраќањето.
Во нацрт-предлог буџетот за наредната година, предвидено е 45% од средствата да бидат насочени кон капитални проекти, додека останатите 55% ќе се користат за тековно и оперативно функционирање на општината. Kлучни проекти за наредната година во Општина Центар се, меѓу другото, изградба на катна гаража во Буњаковец со капацитет од 300 паркинг места, потоа модернизација на јавното осветлување со поставување на енергетски ефикасни ЛЕД светилки и паметни ормари, изградба на нова општинска зграда, реконструкција на спортската сала „Работнички“ и други.
Седницата на Советот на Општина Центар за усвојување на буџетот ќе се одржи на 27 декември.


