Катимерини: Победникот на изборите во Северна Македонија инсистира земјата да ја нарекува „Македонија“

Христијан Мицкоски, лидерот на опозициската централно-десничарска ВМРО-ДПМНЕ, слави по прес-конференцијата во среда во Скопје. [АП]

Победникот на изборите во Северна Македонија и иден премиер, Христијан Мицкоски, инсистира да ја нарекува земјата „Македонија. Тој  во објава на социјалните мрежи напиша „Македонија“, го пренесува соопштението на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, грчки „Катимерини“. 

„Му благодарам на господинот Памер за поддршката на Австрија за „Македонија“ на нејзиниот пат кон европската интеграција. Одличните економски односи меѓу Австрија и „Македонија“ дополнително ќе се промовираат и охрабруваат“, напиша Мицкоски, како ново прекршување на договорот за името од Преспа од 2018 година со Грција и уставот на неговата сопствена земја, според кој балканската земја го носи името Северна Македонија, пишува медиумот.

Мицкоски неодамна изјави дека ќе го користи терминот „Македонија“ кога се однесува на неговата земја и ја предизвика Грција да се жали до Меѓународниот суд на правдата доколку смета дека се прекршува договорот од Преспа.

Новоизбраната претседателка на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, исто така го употреби терминот „Македонија“ за време на нејзината инаугурација, што предизвика дипломатски расправии меѓу Атина и Скопје, пренесуваат грчките медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот