ФОТО | Кејт Мидлтон денеска облече бело, како во 2011 година кога дебитираше: Обетките имаат посебна врска со принцот Луис

Фото: David Fisher / Shutterstock Editorial / Profimedia

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, денеска го направи своето прво јавно појавување годинава на „Trooping the Colour“, во чест на роденденот на кралот Чарлс Трети.

Принцезата од Велс денеска се појави во бел фустан на Џени Пекам, со црни детали околу вратот и половината.

Фустанот има црно-бела панделка за да одговара на нејзиниот широк бел шешир со потпис на Филип Трејси и бели бисерни обетки од Касандра Гоад, кои принцезата претходно ги носеше на крштевката на принцот Луис во 2019 година и на женското финале во тенис на Вимблдон во 2023 година. Бисерните обетки чинат 6.061 долар, пишува „Пејџ сикс“.

Фото: Stephen Lock / Zuma Press / Profimedia

 

Заедно со сè, таа носеше црна клач чанта „Малбери“ од 750 долари, како и брош што го претставува симболот на ирската гарда, чиј почесен полковник е принцезата.

Фото: James Veysey / Shutterstock Editorial / Profimedia

Инаку, Кејт носела елегантни тоалети на познатата британски модна дизајнерка Џени Пекам и претходно – за сите важни настани во својот живот, пред сè, кога во јавноста ги претставуваше своите наследници при излегувањето од болницата Сент Мери.

Нејзиното последно појавување во јавноста како член на британското кралско семејство беше на Божиќ минатата година.

Во петокот, принцезата се огласи на социјалните мрежи за да го објави своето бавно враќање во јавноста. Во изјавата таа изрази благодарност за поддршката што ја доби и даде нови информации за своето здравје.

Откако се приклучи на кралското семејство кога се омажи за принцот Вилијам во април 2011 година, Кејт Мидлтон секоја година присуствуваше на „Trooping the Color“ заедно со други истакнати членови на британското кралско семејство. Со текот на времето, Кејт ги постави стандардите кога станува збор за пристапот до кралскиот стил на облекување, дозволувајќи ѝ на јавноста да биде сведок на стилската еволуција на Кејт низ годините.

Принцезата се појавуваше во светли бои, брокат принтови и секогаш со фасцинантни шешири.

Кога првпат се појави, во 2011 година, исто така, носеше бела комбинација, мантил-фустан со копчиња.

ФОТО | По долго времe: Објавена заедничка фотографија на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

Кејт Мидлтон се враќа во јавноста побрзо отколку што мислевме? Еве каде се очекува да се појави принцезата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот