ВИДЕО | Италија со пресврт до победа против Албанија

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Актуелниот европски шампион, Италија со победа го започна првенството во Германија откако вечерва во Дортмунд ја совлада Албанија со 2:1

Натпреварот не започна добро за фаворитот бидејќи Албанија по само 23 секунди игра дојде до водство со голот на Недим Бајрами. Со овој гол албанскиот репрезентативец постави и рекорд за најбрз погодок постигнат на Европските првенства.

Но, Италија по примениот гол покажа карактер и не дозволи тој гол да влијае на нивната игра. Доминираа „Аѕурите“ во следните минути, па веќе во 11. минута Алесандро Бстони го изедначи резултатот. Само пет минути по голот на Бастони, уште еден фудбалер на Интер се запиша во листата на стрелци, Николо Барела.

Играчот за врска со силен удар ја погоди мрежата на Албанија за целосен пресврт. Во продолжение од првиот дел Италија имаше контрола над играта, но нов гол не постигна. Во второто полувреме Италија одлучи да игра на резултат и со мирна игра да го приведе натпреварот кон крајот. Токму тоа и се случи па избраниците на Спалети славеа победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот