Катица пука со пиштол, затоа не го слуша телефонот

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

„Катица пука со пиштол па веројатно затоа не го слуша телефонот. Еднаш неделно обвинителите од СЈО пукаат“, објаснува Јовановски.

На денешното рочиште за аферата „Рекет“ беа презентирани осум аудио снимки кои на ОЈО му биле предадени од сведокот Орце Камчев.

На првата снимка се слушаат гласовите на Јордан и Ана Камчеви како и гласот на Бојан Јовановски.

Во друг разговор Камчев го прашува Јовановски што, кога и како ќе добие како услуга која му се нуди од сега обвинетиот Јовановски.

– Во февруари тоа и тоа во март тоа, ти ја водиш играта ти кажи ми – му вели Орце Камчев на Боки 13.

На друг запис, се слуша како Јовановски вели:

– Катица пука со пиштол па веројатно затоа не го слуша телефонот. Еднаш неделно обвинителите од СЈО пукаат – објаснува Јовановски.

На друга пак аудио снимка, се слуша телефонски разговор меѓу Камчев и Јовановски.

– Имаш поздрав од женава – му вели Јовановски.

„Фала поздрави ја“, одговара Камчев.

Од страна на ОЈО денеска повторно беа презентирани видео снимки направени во домот на Орце Камчев. На снимките се гледа како Боки 13 прв излегува од куќата на Камчев, а зад него со торба „луј витон“ оди сега веќе осудениот Зоран Милески.

– Бидејќи доаѓам од медиумскиот свет, можам слободно да кажам дека ова е една груба аматерска монтажа – реагираше Бојан Јовановски.

За обвинетиот Јовановски, тоа биле нејасни приватни разговори и побара судот да не ги прифати како докази.

Реагираше и адвокатот на Јовановски кој рече дека не може да се разбере и утврди кој со кого разговара и снимките немаат поврзаност со обвинението.

На минатото рочиште беа презентирани докази кои произлегле од вештачењето на мобилниот телефон на обвинетиот Бојан Јовановски, првообвинет во овој случај, додека второобвинета е Катица Јанева.

Случајот „Рекет“ го води Кривичниот совет предводен од судијката Васка Николовска-Масевска, односно обвинението го застапува шефицата на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело и за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот