Катарците со порака до Барса: Сега не можеме да дозволиме Чави да си замине

Легендата на Барселона сега не може да го напушти катарскиот Ал Сад/Фото: EPA-EFE/David Borrat

Извршниот директор на Ал Сад, Турки Ал-Али имаше изјава за можноста Чави Ернандез да седне на клупата на Барселона.

Медиумите во Шпанија се децидни дека претставниците на Каталонците Рафа Јусте и Матеу Алемани ќе се договорат за ослободување на младиот специјалист во следните неколку часа, но првиот човек на катарскиот клуб го тврди токму спротивното.

– Ја поздравуваме посетата на административната делегација на Барселона. Тоа го цениме и почитуваме. Сепак, ставот на нашиот клуб е јасен од самиот почеток – ние сме посветени да го задржиме нашиот тренер Чави со нас и не можеме да дозволиме да нè напушти во овој сензитивен период од сезоната – рече Ал-Али во соопштението за медиумите.

Денеска се објавија информации дека околу 19.45 часот навивачите на Барса очекуваат позитивни вести околу Чави кој би бил новиот тренер на клубот од „Камп Ноу“, но шефот на Ал Сад ги разочара со најновата вест.

Засега останува Барселона со привременото решение на клупата Сержи Баржуан по заминувањето на Роналд Куман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот