фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Сите детали се тука, навивачите на Барса одбројуваат вечерва до 19.45 часот!

Денеска од 17.55 часот предводникот на Ал Сад гостува кај второпласираниот Ал-Духаил во дерби кое би можело да го реши шампионот на Катар. Исто така, навивачите на Барса чекаат Чави Ернандес да се појави во јавноста по тој натпревар, околу 19.45 часот и да го каже својот следен чекор.

Чави ги постигна сите услови со Барса, но и со раководството на Ал Сад, што нема да му прави проблем да го исполни сонот и да седне на клупата на Барселона.

Оперативците на Барса, Матеу Алемани и Рафа Јуста беа „фатени“ на аеродромот во Доха, слетаа на последната рунда преговори и вечерва по мечот со Ал-Духаил сè треба да се официјализира.

Чави во текот на викендот ќе отпатува за Барселона, а се очекува во понеделник да биде промовиран пред новинарите и да започне нова ера.

Тој ќе има две недели да го воигра тимот за градското дерби тимот со Еспањол, што ќе биде негово деби на 20 ноември. Чави го чека договор до 2024 година, ќе има помали плати отколку во Ал Сад, но тоа му е најмалку важно.

Откако ги испиша златните страници на историјата како играч од 1998 до 2015 година, Чави се враќа на голема врата да продолжи да пишува историја и како тренер со каталонскиот клуб.

Потег на почит, Лука Модриќ сподели објава на Барселона и воодушеви со пораката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот