Касиљас принуден да се пензионира - Слободен печат
СпортФудбал

Касиљас принуден да се пензионира

Легендарниот шпански голман, Икер Касиљас наскоро ќе обави крај на кариерата и сегашниот клуб Порто уште сега му нуди функција во клубот.

Икер Касиљас, легендарниот шпански голман, е приморан да објави крај на кариерата откако пред неколку недели имаше срцев удар, но најверојатно ќе остане во Порто за кого бранеше во последните четири години.

На почетокот од месецов, на Касиљас му се слоши за време на тренингот и веднаш беше однесен во болница. Подоцна беше откриено дека тој имал срцев удар и бил итно опериран во локална болница во Порто.

Токму поради операцијата и вградениот стент, тој нема да може да ја продолжи кариерата и е приморан да се повлече.
Португалскиот тим воопшто не чекаше официјално соопштение од Касиљас, и според „А Бола“ веќе му понудиле да биде дел од раководството на тимот.

Икер Касиљас е еден од најуспешните играчи во историјата на Шпанија, одигра повеќе од 700 натпревари за Реал Мадрид, освои три титули во Лигата на шампионите, додека со репрезентацијата на Шпанија два пати беше Европски шампион (2008 и 2012) и еднаш Светски шампион (2010).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close