Касемиро/Manchesfer United

Касемиро со емотивна порака се збогуваше од Манчестер јунајтед

Англискиот фудбалски гигант Манчестер јунајтед официјално потврди дека на крајот од сезоната ќе се раздели со искусниот бразилски играч од средниот ред, Касемиро.

Иако во изминатиот период имаше значајна улога во тимот од „Олд Трафорд“, неговата авантура во црвениот дрес влегува во завршна фаза.

Бразилецот се огласи со емотивна порака, истакнувајќи дека престојот во Манчестер ќе му остане засекогаш во сеќавање.

„Засекогаш ќе го паметам моето патување со Манчестер јунајтед. Од првиот момент кога стапнав на овој убав стадион, почувствував страст и љубов од навивачите. Не е време за збогум, туку да создадеме спомени во следните четири месеци“, објави Касемиро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот