Касами на средба со сопственикот на „Еколог”, бизнисменот Дестани

Билал Касами
Биљал Касами / Фото: МИА

Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, во рамки на посетата на Германија, се сретна со Лазим Дестани, сопственик на најпрестижната тетовска компанија „Еколог”.

Како што соопштија од Општината, тема на разговор било продлабочувањето на соработката меѓу Општина Тетово и компанијата Еколог, како и изнаоѓање нови можности за инвестирање во нашата земја.

-Општина Тетово и г-дин Дестани ја делат истата визија за градот Тетово, а тоа е посветеноста на работата, развојот и целосната трансформација на Тетово во европски град. Нашиот град го гледаме како место со перспектива, како место на кое му треба развој, затоа ги поздравуваме сите оние кои сакаат да инвестираат во нашиот град и да реализираат различни проекти кои се за доброто на граѓаните, стои во соопштението од Канцеларија за комуникации и односи со јавноста на Општина Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот