фото: принтскрин/видео

Картичките му ги блокирале – Хрват на бензинска пумпа дознал дека е мртов?!

На 16 март Ненад Марковиќ од Хрватска, официјално бил прогласен за мртов иако e жив. За оваа шокантна ситуација дознал дури три дена подоцна, на 19 март, сосема случајно, кога се обидел да надополни ваучер за телефон преку апликација, пишува 24 часа.

Трансакцијата не била реализирана бидејќи неговата картичка била блокирана. Се обидел со друга картичка, но без успех. Веќе следниот ден, на 20 март, решил лично да провери за што се работи и посетил две банки. Тие му рекле истото и во двете – сметките му се блокирани бидејќи бил регистриран во системот како починато лице.

Како што дознава порталот, станува збор за сериозна грешка што се случила во Општата болница Вировитица. Таму на 16 март починал друг маж со исто име и презиме. Меѓутоа, при евидентирањето на податоците, покрај починатиот е внесен и матичниот број на Ненад Марковиќ, кој е жив, што довело до промена на идентитетот со сериозни последици.

Според достапните информации, не станува збор само за административна грешка. Постојат сериозни индикации дека починатиот пациент бил примен и лекуван под туѓ идентитет, здравствен картон и медицинска документација на Ненад Марковиќ од Вировитица.

Хрватското здружение за промоција на правата на пациентите остро реагираше, нарекувајќи го овој настан „незамислив и неприфатлив во 21 век“.

„Ова е најсериозно кршење на достоинството и безбедноста. Постоечките системи не се сигурни, контролите не функционираат, а протоколите за идентификација очигледно не се спроведуваат“, порачаа од Здружението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот