Паркинг за велосипеди/Фото „Слободен печат“ / Слободан Ѓуриќ

Карпошани што ќе купат велосипед, можат да си вратат дел од парите: Објавен јавен повик за субвенционирање

Сите жители на  Карпош кои од денеска ќе купат нов велосипед, трицикл или карго велосипед можат да очекуваат дека Општината ќе им надомести дел од парите.

Денеска е објавен јавниот повик на кој карпошани можат да се пријават за субвенцијата која ја дава Општината, а која изнесува 30 % од цената на купување нов велосипед, но не повеќе од 5.000 денари.

Сите заинтересирани за да остварат право на субвенција треба да поднесат барање, изјава за согласност за обработка на лични податоци, фотокопија од лична карта, трансакциска сметка и фискална сметка за купен велосипед, трицикл или карго велосипед, кој е купен не порано од 23 март 2026.

Жителите кои веќе оствариле право на субвенција во тековната година и добиле средства  од Град Скопје, немаат право да учествуваат на огласот. Барањата со комплетна документација ќе се доставуваат до архивата на Општина Карпош ул.Никола Русински бр.11 . По поднесувањето на документите, подносителите во писмена форма ќе бидат известени дали ќе бидат корисници на предвидените средства за субвенција за купување на нов велосипед , трицикл и карго велосипеди – се наведува во јавниот повик.

Субвенционирањето ќе трае до исцрпување на средствата, а ќе се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот