Кармен Електра и Родман: Ноќ на страсти на паркетот на Чикаго Булс (ФОТО)

Профимедиа

Ѕвездата на „Baywatch“, Кармен Електра, меѓу останатото популарноста ја зголеми и со врската со кошаркарот Денис Родман.

Родман беше член на Чикаго Булс, во периодот кога играа Мајкл Џордан, Скоти Пипен и Тони Кукоч.

Електра се присети на кратката врска со Родман, која како и се што е поврзано со Родман, била се само не досадна и обична, пишува „LA Times“.

– Се запознавме во Лос Анџелес и веднаш се појави вртлог од романса. Редовно летав преку цела Америка за да ги гледам Булс, а потоа на враќање плачев колку многу ми недостасуваше – рече Електра и се присети на една посебно интересна вечер.

– Ми стави превез на очите, ме седна на мотор и ме однесе во центарот за тренинг на Чикако Булс. Беше лудо, тотално лудо. Бевме како деца во продавница за слатки. Во сауната, во теретаната, во салата за масажи – се сеќава Електра.

– Секако и на централниот терен, на паркетот. Накратко, имавме секс веројатно во секоја просторија во таа една вечер и ноќ во која никој друг со нога не влезе во кампот на Булс – се присети Кармен Електра на една бурна ноќ со Денис Родман.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот