Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Карлос Алкараз поради повреда го откажа учеството на Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз објави дека нема да учествува годинава на грен слем турнирит Ролан Гарос поради повреда.

Вториот светски тенисер, нема да има можност да ја одбрани титулата во Париз, која ја освои минатата година со победата над Италијанецот Јаник Синеро, како и во 2024 година.

Шпанецот го повреди зглобот во Барселона и нема да игра на Мастерсот во Мадрид, а нема да биде ниту во Рим.

Иако имаше шпекулации дека Шпанецот би можел да биде подготвен за Ролан Гарос и дека ќе има време да се опорави поради тоа што не игра на Мастерсот, тој сепак нема да може да трча на париската земјена подлога.

– По резултатите од тестовите спроведени денес, одлучивме дека е најразумно да бидеме претпазливи и да не учествуваме во Рим и Ролан Гарос, додека чекаме да го процениме напредокот за да можеме да одлучиме кога да се вратиме на теренот. Ова е тежок период за мене, но сигурен сум дека ќе излеземе посилни – рече Алкараз на социјалните мрежи.

Алкараз забележа исклучителен настап оваа сезона со 22 победи и само три порази, со два освоени трофеи. Тој триумфираше на Отвореното првенство на Австралија, како и на турнирот во Доха.

Вториот грен слем во сезоната, Ролан Гарос, ќе се игра од 24 мај до 7 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот