Карло Ромео: Италија одлично се справува со состојбата со Ковид-19

Тој нагласи дека состојбата не е толку сериозна како што е опишано во некои медиуми, со оглед на тоа дека 80 отсто од заразените имаат само благи симптоми, 15 проценти закрепнуваат преку медицински третман и само пет отсто имаат посериозно симптоми.

Италијанската Влада одлично се справува со состојбата создадена со корона вирусот, максимално е транспарента и е во постојана комуникација со меѓународните партнери. Само 0,05 проценти од италијанската територија и 0,089 отсто од италијанското население подлежат на рестриктивни мерки, истакна италијанскиот амбасадор Карло Ромео во интервју за МИА.

Тој нагласи дека состојбата не е толку сериозна како што е опишано во некои медиуми, со оглед на тоа дека 80 отсто од заразените имаат само благи симптоми, 15 проценти закрепнуваат преку медицински третман и само пет отсто имаат посериозно симптоми, честопати како последица од претходно компромитирана здравствена состојба.

– Сведоци сме на загрижувачко ширење на неточни и алармантни вести за состојбата во нашата земја во врска со овој здравствен проблем. Таквите вести не ја отсликуваат реалноста, а тоа е дека сепак, сериозната појава на ширењето на вирусот е во значителна мерка ограничена само на некои зони во мал број региони, нагласи италијанскиот амбасадор.

Ромео изрази очекување дека мерките преземени од пријателските земји ќе се засноваат на рационалност и ќе произлезат од дијалог и од проценки засновани врз објективни и научни податоци.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот