Фото: Pexels

Кардиолог предупредува на честа утринска навика што го влошува високиот крвен притисок

Ако ви е дијагностициран висок крвен притисок, веројатно веќе ги знаете стандардните препораки: намалете го внесот на сол, движете се повеќе и контролирајте го стресот. Но, според лекарите, постои една утринска навика што ретко се споменува, а може да биде подеднакво важна, пишува „Живим“.

Според кардиологот д-р Менхел Кино, станува збор за нагло станување од кревет веднаш по будењето. Тој советува и да не започнувате со интензивен тренинг веднаш по будењето.

„Крвниот притисок нагло се зголемува по будењето поради циркадниот ритам, засилената активност на симпатичкиот нервен систем и хормоналните промени“, објаснува д-р Кино.

Овој природен утрински пораст може дополнително да го оптовари кардиоваскуларниот систем и да го зголеми ризикот од срцев напор, нарушувања на срцевиот ритам или други компликации, особено кај лица со неконтролирана хипертензија, постоечки срцеви заболувања или кај оние што користат одредени лекови.

Наместо нагло станување, лекарите препорачуваат постепен пристап:

  • Најпрво, седнете на работ од креветот и останете така една до две минути пред целосно да станете.
  • Потоа, напијте се чаша вода, бидејќи нивото на хидратација директно влијае врз крвниот притисок.
  • Доколку ви се препишани лекови, земајте ги редовно како дел од утринската рутина.

И на крај, започнете со лесно движење, како истегнување или бавно одење, а со поинтензивна физичка активност почекајте од 30 до 60 минути.

„Интензивното вежбање оставете го за подоцна во текот на денот, кога телото е подобро подготвено и крвниот притисок е стабилизиран“, советува д-р Кино, додавајќи дека времето и интензитетот на физичката активност треба да се прилагодат индивидуално.

Редовната и умерена аеробна активност и понатаму останува еден од најефикасните начини за долгорочно контролирање на хипертензијата. Целта не е да се избегнува движењето, туку правилно да се темпира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот