Фото: Karate klub Shihan

Карате клубот Шихан со 26 златни медали на меѓународниот турнир во Лесковац

Македонскиот карате клубот „Шихан“ оствари историски успех на меѓународниот турнир „УНСУ ОПЕН 2025“, кој се одржа изминатиот викенд во Лесковац, Србија.

Во конкуренција на над 300 натпреварувачи, каратистите на „Шихан“ настапија со шампионска енергија, дисциплина и борбен дух.

Тие остварија фантастичен резултат, освојувајќи 52 медали од кои 26 златни, 10 сребрени и 16 бронзени

Круна на овој спектакуларен настап е фактот што Карате клубот „Шихан“ беше прогласен за најдобар клуб на турнирот во Србија, за што доби специјално признание и победнички пехар.

Овој огромен успех е резултат на напорната и посветена работа на натпреварувачите на „Шихан“ кои со срце и достоинство го бранеа името на клубот, како и на стручниот тренерски тим кој постојано ги води кон врвни резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот