Фани Каранфилова Пановска во гостување на „Сител“ / фото: Сител / скриншот

Каранфилова Пановска: Власта прави упад во правната држава и комплетно кршење на Уставот

„Власта не прави никакви реформи – тоа што се случуваше во Собранието со интерпелацијата на дел од Судскиот совет за СДСМ и за целата демократска јавност претставува упад во правната држава и комплетно кршење на Уставот“, рече заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска вечерва во вестите на „Сител“.

Каранфилова Пановска рече дека ваквата постапка на извршната власт и на владеачкото мнозинство во Собранието не претставува „ништо друго освен кршење на уставните начела на владеење на правото и на поделба на власта“, а дополнително постапката за петмина членови на Судскиот совет, за кои беше поднесена и изгласана интерпелација, претставува „дискриминација во однос на другите осуммина членови на Судскиот совет“.

„Ако вели владата дека прави реформи, јас би ги прашала, зошто на интерелацијата во парламентот не се најде министерот за правда кој ги има истите права и одговорности во рамките на судскиот совет, а за чие членување во судскиот совет токму оценската мисија на ЕУ е онаа која прва забележува дека министерот за правда не треба да биде дел од судкиот совет“, рече Каранфилова Пановска.

Таков тип на мешање на законодавната, а денеска со изјавата на заменик-министерот за правда, мешање и на извршната власт директно во работата на Судскиот совет, вели Каранфилова Пановска, не покажува ништо друго освен притисок врз судиите и инсталирање на партиски послушници, додаде таа.

-Не ни е така далеку паметењето, кога имавме судии и судски систем во којшто се нарачуваа и пресуди, се нарачуваа и процеси. Ова не е ништо друго освен амбиција, притисок врз членовите на Судскиот совет и целото судство со идеја таму да се инсталираат партиски послушници, рече Каранфилова Пановска во интервјуто за „Сител“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот