Карагер: Салах нема многу опции, ќе потпише нов договор со Ливерпул

Мохамед Салах/фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Поранешниот дефанзивен фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер е сигурен дека ѕвездата Мохамед Салах на крајот ќе потпише нов договор со „црвените“.

Според Карагер, кој моментно работи како фудбалски аналитичар за еден од најголемите англиски телевизиски канали, египетскиот играч нема многу избор освен да прифати нова понуда од Енфилд.

– Го сакам Мо Салах, тој е еден од најдобрите играчи во светот, но причината поради која велам дека нема многу опции пред него се неговите години. Кога добивате толку пари и зборуваме за покачување, не се работи за 10 или 20 илјади покачување неделно – рече Карагер.

Досега оваа сезона 32-годишниот Салах во Премиер лигата запиша 13 голови во 14 натпревари.

– Колку напаѓачи имаат во Реал Мадрид? Барселона е во многу тешка финансиска ситуација. ПСЖ не е ни блиску до Ливерпул. Има само четири или пет екипи кои реално можат да ја освојат Лигата на шампионите, а Ливерпул е еден од нив. Салах ќе остане, не сум сигурен дека има многу опции пред себе. Тој сè уште не е подготвен да оди во Саудиска Арабија. Тоа може да го направи за три години – вели Карагер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот