Карагер го обвинува Ерик тен Хаг за четири трансфери во Манчестер јунајтед

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Манчестер јунајтед сè уште се бори да им биде конкурент на Манчестер сити, Ливерпул и Арсенал во Премиер лигата – и покрај тоа што потроши богатство за ангажирање нови фудбалери. Џејми Карагер, поранешниот играч на Ливерпул, сега аналитичар на ТВ „Скај Спортс“, инсистира дека менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг, мора да преземе одговорност за потпишувањето на Касемиро, Кристијан Ериксен, Мејсон Маунт и Софијан Амрабат.

Манчестер јунајтед лошо ја започна сезоната, претрпе порази на домашен терен од Брајтон и Кристал палас и моментно е осми на табелата во Премиер лигата. Исто така загуби двапати во ЛШ, вклучително и од Галатасарај на „Олд Трафорд“. Јунајтед потроши богатство на играчи по заминувањето на Сер Алекс Фергусон во 2013 година, како Хари Мегваер, Пол Погба и Ентони Марсијал за рекордни суми. Трикратниот европски првак беше критикуван поради трансфер политиката.

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Тен Хег го продолжи тој тренд од неговото назначување во мај 2022 година. Тој се согласи на договор од 70 милиони фунти за потпишување на 30-годишниот Касемиро од Реал Мадрид и потроши речиси 200 милиони фунти за да донесе три од неговите поранешни ѕвезди на Ајакс – Лисандро Мартинез, Антони и Андре Онана.

– Тен Хег сфаќа дека го нема профилот на играчи од средниот ред што треба да ги гради како што тоа го правеше во Ајакс. Нема ни капацитет за пресинг натпревар. Фактот дека не може да го направи ова во својата втора година на Олд Трафорд е на негова сметка – вели Карагер.

Карагер верува дека Касемиро „повеќе нема нозе за работата“, иконата на Ливерпул го критикуваше „големиот договор“ на Бразилецот кој истекува до јуни 2026, со опција за дополнителна година.

фото: EPA-EFE/Stian Lysberg Solum

Карагер, исто така, смета дека Тен Хег не може да зависи од Кристијан Ериксен, инсистирајќи дека тој „носи квалитет само од клупата“. Тој додаде: „Краткорочноста на тие договори има реперкуси, па оттука и неодамнешните потписи на играчите од средниот ред Мејсон Маунт и Софијан Амрабат“.

Карагер го повика Тен Хег да ги препознае своите грешки пред да биде предоцна. Нема гаранција дека Холанѓанецот ќе има повеќе пари за трошење во јануарскиот преоден рок, бидејќи Јунајтед моментално минува низ долг и мачен процес на преземање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот