По осум месеци откако колабираше, капитенот на Лутон се врати на тренинзите

Фото: EPA-EFE/VINCE MIGNOTT

Oсум месеци откако колабираше на теренот, капитенот на Лутон, Томас Лукер се врати на тренинзите.

Лукер во натпреварот против Бормут кој се одигра на 16 декември колабираше на теренот, а медиумите подоцна објавија дека тој бил „мртов“ три минути.

Денес, осум месеци подоцна успеа да се врати на тренинзите, меѓутоа ќе работи под посебна програма.

Околу ситуацијата на Лукер изјава даде и тренерот на тимот, Роб Едвардс.

„Во овој момент нема ништо ново околу неговата иднина. Том е фит и здрав, тоа е и најважното нешто“, изјави Едвардс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот