Канје Вест: Бог сакаше да учествувам на изборите

instagram

Раперот и музички продуцент Канје Вест ја најави својата кандидатура на претседателските избори во јули оваа година.

По тој повод, раперот гостуваше во емисијата со комичарот Џо Роган, а по тој повод објасни што го навело да се кандидира на претседателските избори во Америка.

Канје и Џо / Instagram

Почувствував повик. Сфатив дека тоа е она што Бог го сака од мене и дека треба да бидам лидер на слободниот свет. Иако веќе бев лидер во светот на хип хоп музиката и имам публика во целиот свет, ова е нешто друго и ново. Јас не сум тука за да го срушам Трамп или Бајден, тука сум за да ги пренесам Божјите пораки“, изјави Вест.

Instagram

Со оглед на фактот дека подоцна се приклучи во кампањата, водителот го праша раперот зошто се одлучил на овој потег дури во јули?

Instagram

Коронавирусот е виновен за сè. Таа болест ми го попрече патот и морав да седам дома во карантин наместо да се борам. Се тресев, јадев супа цело време и морав да оставам сè настрана се додека не бев целосно подготвен за битка. Но, верата отсекогаш постоела и таа ме води. Ние ќе ја направиме оваа земја уште посилна, а нашето семејство, кое е основа општеството, ќе биде во центарот на сè. Баш онака како што Бог сака“, рече Канје во интервјуто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот