Хаким Рамадани / Фото: Фејсбук

Кандидатот на Вреди во Брвеница по поразот бара работа само во приватни компании

Кандидатот на Вреди Хаќим Рамадани кој вчера ги изгуби изборите со 150 гласа помалку од кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски на својот Фејсбук профил објави дека е невработен и бара работа во приватни компании откако премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе го разреши од директорското место во Инспекторатот за локална самоуправа.

– Од денеска сум невработен. Дипломиран економист сум. Барам работа само во приватни компании – напиша Рамадани.

И покрај договорот за меѓусебна поддршка, Рамадани пред изборите изјавуваше дека мора да победи зашто е Албанец и носеше гласачи од Германија за да победи над кандидатот од македонска националност. Поради ваквите изјави Мицкоски најави дека ќе го разреши.

– Беше жилава борба, тешка борба, со многу предизвици се одлучуваше во пет до дванаесет, знаете дека не заслужува ниту името да му го спомнам, тој противкандидат се обиде да профитира на името на националните поделби, на етничките поделби, не успеа, поразен е. Брвеница останува Јовица градоначалник – рече Мицкоски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот