Кандидата го „јаде“ вашиот организам, како да ја уништите

Фото: Профимедиа

Модерниот стил на живот со себе носи и бројни здравствени компликации па така и појава на нерамнотежа во цревната флора. Исто така, брзата храна, внесот на големите количини шеќер и брашно, стресот и лесното препишување антибиотици никако не им помагаат на нашите црева.

Најчеста инфекција кај прекумерното размножување на лошите соеви на габички е онаа предизвикана од кандидата. Таа ги напаѓа ноктите и кожата, а страдаат и оралната, вагиналната, уринарната и аналната слузница. Исто така, може да ги нападнe и белите дробови и бронхиите.

Симптоми на инфекции со кандида

Најчестите сиптоми ја вклучуваат силната желба за слатко (бидејќи со тоа габичките се хранат), лошиот здив, белите наслаги на јазикот, подуеноста и гасовите (особено по јадењето), честите настинки и алергии, сувата слузница, лошата циркулација, хемороидите, запекот или проливот и вагиналната инфекција.

Исто така, понекогаш се можни нарушување на менструалниот циклус, хроничен замор, силни главоболки, психична нестабилност и изразен предменструален синдром (ПМС).

Како да се борите со кандидата?

– Можете да ја изгладнете габичката со скратување на храната со помош на диета.
– До крај е можно да ја уништите со антифунгални (антигабични) препарати.
– Потребно е повторно да изградите здрава цревна флора со помош на храна богата со пробиотски бактерии.
– Супата од коски е голем сојузник во борбата со кандида.
– Да го зајакнете имунитетот.

Најчесто се препорачува диета која ги исклучува белото брашно и шеќерот, но содржи брашно од цели житарки и ориз. За жал, таа диета не е делотворна, бидејќи сите житарки се состојат од скроб кој е, всушност, гликоза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот