Камила Валиева го прекина молкот, се огласи со емотивна порака по допинг скандалот во Пекинг

Камила Валиева/. фото: EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Младата 15-годишна руска лизгачка Камила Валиева се огласи по завршувањето на Зимските олимписки игри во Пекинг каде преживеа вистински „пекол“.

Руското чудо од дете кое на ЗОИ за прв пат во историјата изведе четирикратно свртување во скок ѝ и помогна на Русија да дојде до златниот медал во екипна конкуренција, во Пекинг беше во центарот на вниманието на спортската јавност поради нејзиниот позитивен допинг тест од 25 декември.

Валиева на националното првенство кое се одржа на 25 декември минатата година во Санкт Петербург била позитивна на триметазидин, лек кој се користи за лекување на ангина пекторис.

Камила Валиева не го издржа притисокот и остана без медал во поединечна конкуренција/ фото: EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Откако Судот за спортска арбитража одлучи да и дозволи да ги продолжи настапите во Пекинг, Валиева не го издржа притисокот и во поединечна конкуренција заврши на четвртото место откако во втората изведба падна дури четири пати. По настапот, Камила Валиева не можеше да ги скрие солзите, а сега конечно се огласи преку социјалните мрежи.

„“Сакам да им се заблагодарам на сите кои беа покрај мене во овој турбулентен период, тие кое беа на мојата страна и не ми го скршија срцето, на сите кои ми даваа подрршка и мислеа и веруваа во мене. Им благодарам на навивачите, семејството, пријателите, тренерите, Олимпискиот комитет на Русија, на мојата земја и на сите луѓе низ целиот свет. Ви благодарам. Засекогаш сум ви благодарна. Засекогаш ќе го паметам ова и ќе бидам благодарна и ќе лизгам за вас“; напиша Валиева.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kamila Valieva (@kamilavalieva26)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот