Камерун знаме - фото: Википедија

Камерунскиот опозициски лидер почина во притвор поради ускратена медицинска грижа

Лидерот на камерунската опозиција Анисет Екане почина денеска во притвор на жандармеријата, соопштија неговите адвокати и семејството, наведувајќи дека му била ускратена неопходна медицинска помош во момент кога имал сериозни проблеми со дишењето, јавува Н1.

Неговата партија „Африканско движење за нова независност и демократија“ ја опиша смртта како убиство.

Министерството за одбрана на Камерун ја потврди смртта и информираше дека Екане починал од повеќе хронични заболувања. Според истото соопштение, е отворена истрага за околностите под кои починал. Министерството тврди дека опозицискиот лидер бил сместен во военомедицински центар на Националната жандармерија, каде добивал соодветна здравствена нега во соработка со неговите лични лекари, како и дополнителна терапија во локални болници.

Екане, кој имал 73 години, беше уапсен кон крајот на октомври заедно со други членови на партијата, обвинети за побуна во период кога земјата беше зафатена од протести поради сомнежи за изборна нерегуларност. Според неговиот адвокат, тој бил меѓу опозициските претставници кои ги оспоруваа резултатите од претседателските избори одржани на 12 октомври, на кои 92-годишниот Пол Бија беше прогласен за победник.

По објавувањето на изборните резултати избувнаа протести во делови од земјата каде опозицијата има силно упориште. Владата соопшти дека загинале 16 лица, додека опозициските претставници и организациите за човекови права проценуваат дека бројот на жртви надминува 55.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот