Камерон Дијаз, Силвестер Сталоне, Џеки Чен… Овие глумци кариерата ја почнале во филмови за возрасни (ФОТО+ВИДЕО)

Патот до славата и успехот често е полн со трња, а овие ѕвезди својата кариера ја почнале во  филмови и серии кои изобилувале со експлицитни сцени.

Мат Лебланк (52)
Пред да му донесе светска слава улогата во хит серијата „Пријатели“, Мат глумел во популарната еротската серија „Red Shoe Diaries“. Во една од епизодите на серијата, неговиот лик ја заведува секретарката и со неа има секс во лифтот.

Камерон Дијаз  (47)

На 19 години Камерон првпат се појавила потполно гола во видеото со наслов ‘She’s no angel’. Иако со тоа привлекла внимание, таа очигледно сакала нејзината кариера да тргне во друг правец. Затоа го тужела авторот на видеото кој ја уценувал и тој завршил во затвор. Сепак, снимката се појави на интернет.

Instagram

Џеки Чен (66)

Легендата од кунг-фу филмовите не глумел отсекогаш во акции и комедии. Во 1975 година имал улога во порно филмот „All in the family“.

Дејвид Духовни (59)

Пред улогата во серијата „X Files“, Дејвид не играл секогаш сериозни улоги. И тој како и Лебланк глумел во серијата „Red Shoe diaries“.

Силвестер Сталоне (73)

Малкумина знаат дека Сталоне во младоста глумел во порно филмот „The Party at Kitty and Stud’s“. Како што самиот кажува, во тоа време практично бил бездомник, и борбата за егзистенција го приморала да го направи тоа.

Profimedia

Хелен Мирен (74)

Profimedia

Една од најпознатите светски глумици во 1979 година глумела во филмот „Caligula“, римски еп кој на крајот беше забранет поради контроверзното сценарио.

Арнолд Шварценегер
Овој актер поминал многу импресивен пат од порно ѕвезда до гувернер. Во младоста заработувал како модел, а позирал и потполно гол за геј магазинот „After Dark“, а наводно глумел и во филм за возрасни, иако денеска тешко може да му се влезе во трага на тој филм.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот