Камала Харис нема да се кандидира за гувернерка на Калифорнија
Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, денеска соопшти дека нема да се кандидира за гувернерка на Калифорнија на претстојните избори. Во изјава преку својот кабинет, Харис истакна дека сериозно размислувала за оваа можност, но решила да не се кандидира, пренесува Форбс.
Препорачано
„Ја сакам оваа земја, луѓе. Тоа е мојот дом. Но, по длабоко размислување, решив да не бидам кандидат за гувернер на овие избори“, рече Харис.
Таа не ја исклучи можноста за кандидатура во 2028 година и најави дека ќе ги поддржува демократските кандидати низ целата земја.
„Се радувам што ќе им помогнам на избраните демократи да се борат без страв. Во наредните месеци ќе објавам повеќе детали за моите планови“, додаде таа.
Сегашниот гувернер на Калифорнија, Гевин Њусом, не може да се кандидира за нов мандат бидејќи ја извршува функцијата од 2019 година. Главни кандидати од Демократската партија за гувернер на Калифорнија се Ксавиер Бесера и Кејти Портер.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
20мин
-
22мин
-
25мин
-
39мин
-
42мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


