Калвин Филипс договори трансфер во кандидат за титулата шампион на Серија А?!

Калвин Филипс („Манчестер сити“)/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Јувентус до сега оваа сезона не може да се пофали со убав фудбал, но барем реди победи и се чини дека ќе биде конкурентен во борбата за шампионската титула на Италија.

Сепак, за да останат до крајот во борбата за скудетото со Милан и Интер, ќе мора да се засилат во претстојниот зимски преоден рок. Моментно Јуве по 11 кола во Серија А е на второто место со 26 бодови, само два помалку од водечкиот Интер.

Тренерот на „Старата дама“, Макс Алегри сака да го засили средниот ред, а како што пренесуваат англиските медиуми, Јувентус практично ги договорил сите детали со Манчестер сити околу трансферот на Калвин Филипс за кого нема место кај Пеп Гвардиола.

„Бјанконерите“ ќе го доведат англискиот репрезентативец на позајмица до крајот на сезоната, а потоа на лето ќе преговараат со „Граѓаните“ за надоместот кој наводно би изнесувал 50 милиони евра.

Пред да се пресели на „Етихад“, осум години ги бранеше боите на Лидс јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот