Калин: Турција сè уште не ја затвори вратата за влез на Финска и Шведска во НАТО

Ибрахим Калин / Фото Ozan KOSE / AFP / Profimedia

Советникот на турскиот претседател за надворешна политика Ибрахим Калин изјави дека Анкара „не ја затвора вратата” за приклучување на Финска и на Шведска во НАТО.

– Турција не ја затвори вратата за влез на Шведска и на Финска во НАТО, но сака да преговори со тие нордиски земји и сузбивање на терористичките активности, посебно во Стокхолм, наведе Калин.

Тој додаде дека тоа е значително прашање за безбедноста на Турција.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека внимателно ги следи случувањата во врска со можното членство на Финска и Шведска во НАТО, но оти нема позитивно мислење за тоа.

– Немаме позитивно мислење. Скандинавските земји се како гостинска куќа за терористички организации, истакна Ердоган.

Иако Турција вообичаено одржува добри односи со Финска, таа имаше некои несогласувања со Шведска поради поддршката на скандинавската земја на сирискиот огранок на Курдската работничка партија и нејзиното спротивставување на турските прекугранични операции против терористичката група во северна Сирија.

Турција традиционално ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО за натамошно проширување. Сепак, Анкара задржа неутрална позиција во украинската криза и ја презеде улогата на посредник одржувајќи канали за комуникација со двете завојувани страни.

Од почетокот на конфликтот, Анкара понуди да посредува меѓу двете страни и да биде домаќин на мировните преговори, нагласувајќи ја својата поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот