Ердоган: Турција не го поддржува членството на Финска и Шведска во НАТО

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган/ Фото EPA-EFE/VLADIMIR SMIRNOV/

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека не е можно Турција, членка на НАТО, да ги поддржи плановите на Шведска и Финска за пристапување кон алијансата, велејќи дека нордиските земји се „дом на многу терористички организации“.

Планот на Финска да аплицира за членство во НАТО, објавен вчера, и очекувањата дека Шведска ќе го стори истото, ќе доведе до проширување на западната воена алијанса, на што се противи рускиот претседател Владимир Путин.

„Ги следиме развојот на настаните за Шведска и Финска, но немаме позитивни ставови“, изјави Ердоган за новинарите во Истанбул, додавајќи дека е грешка што Грција била прифатена како членка на НАТО во минатото.

Турција официјално го поддржува проширувањето откако влезе во НАТО пред 70 години.

Секоја одлука за проширување мора да биде донесена со едногласна поддршка од сите земји-членки.

„Како Турција, ние не сакаме да повторуваме слични грешки. Покрај тоа, скандинавските земји се дом на терористички организации“, рече Ердоган.

„Во некои земји има дури и пратеници. Не е можно тоа да го поддржиме“, додаде тој.

Шведското Министерство за надворешни работи веднаш не ја коментираше изјавата на Ердоган.

НАТО вели дека членството е отворено за секоја „европска земја во позиција да ги промовира принципите на Договорот и да придонесе за безбедноста на северноатлантската област“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот