Какви се жените на кои мажите честопати им се враќаат?

Можеби ви е добро познато ова сценарио. Дали сте се запрашале кои особини ги поседувате, па ви се случува секое ваше поранешно момче да ве моли да се смирите?

Неколку основни особини на жените кои привлекуваат посебно внимание кај мажите.

Карактерна

Многу жени мислат дека на мажите изгледот им е на прво место, но тоа е голема заблуда. Изгледот го земаат како најважен само кога сакаат краткотрајна авантура. Она што најмногу го ценат е цврстиот и сигурен карактер на кој можат да се потпрат, а не разгаленоста која на многу мажи впрочем им оди на нерви.

Духовита

Духовитата жена, без оглед како изгледа секогаш ќе ги привлече мажите. Духовитоста оди под рака со симпатичноста, подготвеноста секогаш проблемите да се свртат на шега и сл.

Различна

Секоја жена во себе носи доза на оригиналност, но многу не знаат да ја истакнат таа особина. Мажите посебно ги привлекуваат жените кои по нешто се одвојуваат од многу други и тоа знаат да го покажат. Истакнете ги своите скриени страни без срам.

Верна

Секако дека сакаме партнер кој нас нема да не лаже и да не изневерува, па така и мажите сакаат верни жени. Довербата во врската и во бракот е темел.

Добра љубовница

Интимната страна е една од најважните во односот меѓу мажот и жената. Потрудете се да бидете секогаш иновативни во постела со мажот кој го сакате. Ова посебно важи за оние во долги врски кој со текот на годините стануваат немарливи, рутинирани токму тоа ја уништува врската или бракот.

Недопирлива

Немојте секогаш да бидете на располагање. Не брзајте на поканата или пораката од партнерот да одговорите веднаш. Понекогаш бидете, тука и таму недостапни, не ја прифаќајте секогаш интимата, излегувањето и сл. Тоа мажот страшно го возбудува и привлекува, бидејќи му дава сигнал дека сте недопирлива и дека не може со вас толку лесно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот