Каква зделка: Музиката на Дејвид Боуви продадена за 250 милиони долари!

Дејвид Боуви
Дејвид Боуви/Instagram

Издавачката дискографска куќа на Warner Music Group го откупи комплетниот музички каталог на починатиот британски „камелеон“ – музичарот Дејвид Боуви.

Во каталогот се наоѓаат и неколку  од неговите најпознати песни, „Heroes“, “Space Oddity,” “Changes,”  “Let’s Dance“ и многу други.

Дејвид Боуви почина во 2016 година од рак, на 69 годишна возраст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Bowie 🌐 (@davidbowiereal)

Договорот меѓу Боуви фондот и Warner Music Group ја вклучува музиката од 26 студиски албуми за време на творењето на музичарот, но и постхумниот албум „Тоy, пренесуваат од Deadline.

Претседателот и извршен директор на WMG Гај Мут изјави:

„Сите ние во одделот на Warner Chappel сме неизмерно горди што опусот на Дејвид Боуви е во наши раце, а ние сме чувари на еден од најреволуционерните, највлијателните и најтрајните богатства во музичката историја. Ова не се само извонредни песни, туку и големи пресврти што засекогаш го променија лицето на современата музика. Визијата и креативноста на гениј како Боуви го мотивираа светот да биде лирски и музички целосно револуционерен, тој пишувајќи песни ја измени конвенцијата и стана канон на глобалната култура“

Боуви беше водечки лик пет децении во светот на поп музиката и културата. Освен како иноватор и визионер, беше познат и по неговата невидена моќ на трансформација и интелектуален пристап во работата, без оглед дали станува збор за музика, филм, театар, поезија или перформанс. Влијанието на неговата музика и личност се неминовен симбол на „Ѕвездениот човек“ кој со својот израз, направи клучни промени во забавната индустрија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Bowie 🌐 (@davidbowiereal)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот