Каков фудбал ќе гледаме: Дозволуваат пет замени, но не и мечеви од 90 минути!?

twitter.com/RafaDato2

Причината поради која се предлага пократки натпревари во Премиер лигата е стравот од повреда кај играчите..

Кога сме кај Топ 5 европските фудбалски лиги, Французите официјално предвремено ја завршија сезоната, Германците в среда ќе донесат конечна одлука, а и натаму не се знае што ќе се случи со најсилните првенства во Англија, Италија и Шпанија.

Веќе со недели се водат разговори за можното продолжување на фудбалската сезона 2019/2020, едни се согласуваат да заврши сезоната, воглавно поради финансиски причини, но други не сакаат да разикуваат поради пандемијата на коронавирус поради која ситуацијата е крајно неизвесна.

Се нудат и алтернативни решенија, можеби невообичаени за фудбалот. „Дејли Мејл“ пишува дека главниот оперативец на Премиер лигата, Гордон Тејлор, предлага во случај на продолжување на сезоната натпреварите да бидат пократки од вообичаените 90 минути.

Да, такво нешто веќе се практикува во помладите категории, а очигледната причина поради која се предлага ваква промена во Премиер лигата е стравот од повреда на играчите кои ќе бидат под голем притисок, бидејќи скоро два месеци немаат сериозни, идеални тренинзи.

фото: твитер

Се тренира индивидуално, но тоа не е доволно за тренерите, менаџерите да ја видат комплетно формата на играчите, а тука секако не се исклучуваат и оние тактички замисли пред секој натпревар.

Сите се прашуваме каков ќе биде фудбалот кога ќе се врати, многу промени се најавуваат, од најновиот случај со натпревари пократки од вообичаените 90 минути, потоа бидат одиграни мечевите на неутрални терени, на различни континенти, без испаѓања во првенствата, да бидат дозволени пет замени за да не се ризикуваат повреди…

Експертите, виролозите предупредуваат да не се игра фудбал до крајот на август, еден од нив кажа како можете да барате на пример од Ливерпул да игра против Манчестер сити, а на играчите им препорачувате оддалеченост од два метри, кога се знае дека е контактен спортот, и пак мора 14 дена да се оди во карантин.

И натаму ништо не се зборува за евентуалното враќање на навивачите, љубителите на фудбалот на стадионите, само се најавува дека останатите дуели од оваа сезона во шампионатите ќе поминат најверојатно без нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот