Каква е врската помеѓу Наоми Кемпбел и Џефри Епштајн: Вака манекенката се бранеше по дружењето со озлогласениот милијардер

Фото: MediaPunch / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia / EPA-EFE / MIKE NELSON

Во конечно испечатените судски документи на сега веќе покојниот милијардер Џефри Епштајн, обвинет за педофилија, се појавуваат бројни познати имиња од светот на политиката и шоубизнисот, а меѓу нив е и славната манекенка и супермодел Наоми Кемпбел.

Дека е некако поврзана со Епштајн се знаеше уште пред неколку години, поточно во 2019 година, кога „Би-би-си“ објави дека се дружела со озлогласениот милијардер, како и дека тој на нејзините родендени доаѓал во друштво на сексуалната робинка Вирџинија Робертс.

Во тоа време, Кемпбел тврдеше дека со Епштајн ја запознал нејзиниот тогашен партнер, Флавио Бриаторе.

– Тој секогаш беше во првиот ред на ревиите на „Викторијас сикрет“. Тоа што го направи е неописливо. Кога слушнав што направил… Му благодарам на Бога што имаше добри луѓе кои ме заштитија. Сочувствувам со жртвите. Не можам… Тие се доживотно се обележани. Доживотно – рекла тогаш Наоми.

Наоми негираше дека била соучесник на кој било начин и дека секогаш е тука да ги заштити немоќните и оние на кои им е потребна помош.

Да потсетиме, во бројните судски документи кои се објавени денеска, а во кои се идентификувани лицата поврзани со озлогласениот сексуален престапник Џефри Епштајн, се наоѓаат и имињата на двајцата поранешни американски претседатели – Бил Клинтон и Доналд Трамп, како и бројни личности од светот на славните и познатите, како Мајкл Џексон, Вуди Ален и Кевин Спејси.

Кои имиња се спомнуваат во документите поврзани со Џефри Епстин?

Кои имиња се спомнуваат во документите поврзани со Џефри Епстин?

Објавени судските документи за Џефри Епстин

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот