Како веднаш да препознаете токсичен нарцис: Поврзаноста со ваква личност го нарушува емоционалното и менталното здравје!

Фото: Профимедиа

10 знаци кои покажуваат дека во вашиот живот е присутен токсичен нарцис…

Луѓето со нарцисоидно нарушување на личноста може да бидат многу харизматични и заводливи. Иако првите состаноци со нив изгледаат како бајка, како што се одвива љубовната врска, така вие лесно можете да станете жртва на манипулација.

Типичното однесување во љубовна врска со нарцис е дека вашиот партнер претерано ве критикува, ги занемарува вашите потреби и чувства, има посебни барања и станува емотивно недостапен. Нивните цели се да се хранат со туѓата енергија, себеси се сметаат за подоминантни и помоќни, додека со своето однесување ја уништуваат самодовербата на партнерот.

Фото: Профимедиа

Љубовната врска со нарцис може да биде токсична, па токму затоа е важно навремено да препознаете лицето со тешко нарцисоидно нарушување.

  • Овие знаци најчесто укажуваат на тоа дека сте во врска со нарцис:
  • Грандиозно чувство на сопствена важност и претерување со нагласувањето на своите достигнувања и таленти
  • Соништа за неограничена моќ, успех, брилијантност, убавина или идеална љубов
  • Луѓе на кои им е потребно прекумерно воодушевување од другите
Фото: Профимедиа
  • Човек кој верува дека тој е посебен или единствен и дека може да го разберат, или кој верува дека треба да се дружи само со други посебни лица или со лица со висок статус (или институции)
  • Личност со недостаток на емпатија кон чувствата и потребите на другите
  • Личност која неразумно очекува посебен, поволен третман или почитување исклучиво на неговите желби
  • Ги користи другите за да ги постигне личните цели
  • Им завидува на другите или верува дека сите му завидувааат
  • Има арогантен став, особено ако почувствува дека некој во околината е повеќе супериорен
  •  Манипулативни личности, особено кога ќе направат грешка. Тие лесно ги припишуваат туѓите грешки на својот партнер и користат манипулативни техники за да ги охрабрат навистина да веруваат дека се виновни. Во еден момент ќе ги критикувате, а во друг ќе им се извините.
Фото: Профимедиа

Емотивната врска со нарцис може негативно да влијае на вашето ментално и емоционално здравје. Речиси е невозможно да промените нарцисоидна личност, бидејќи тој тоа може да го постигне само со помош на професионалец.

Доколку го препознавате нарцисоидното однесување на вашиот партнер, отворено покажете дека сте свесни за манипулацијата и неговата / нејзината игра. Размислете дали оваа врска вреди за вашата љубов, време и енергија …

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот