Како собните билки да не ви овенат? Една жена откри интересен трик кој ќе го спаси вашето домашно зеленило

Фото: Профимедиа

Поради грешките кои ги правиме, ние самите често го скратуваме животниот век на растенијата…

Билките го оплеменуваат и збогатуваат нашиот простор, помагаат куќата или станот да изгледаат како вистински дом.

Меѓутоа, ако имате многу различни растенија во куќата, тогаш многу лесно може да се случи да наводените некои од нив повеќе отколку што треба. Бидејќи, се разбира, на сите растенија не им е потребна иста количина на вода, а и кој може да запамети на која билка што и треба, всушност кога и колку вода.

Се разбира, и на просечниот познавач на цвеќиња и растенија му е јасно дека премногу вода може да биде исто толку штетна како и сушата и дека цвеќињата можат да се уништат поради тоа.

Но, една жена на социјалните медиуми откри одличен трик, што ќе ги спречи вашите растенија да овенат поради вишок вода!

Фото: Профимедиа

Потребно ви е – тампон, кој ќе го забодете во земјата за да го апсорбира вишокот течност.

–  На кого му е потребна малку смеа и одличен трик? Неодамна, неколку растенија ми се уништија поради премногу наводнување и јас бев загрижена дека тоа ќе се случи и со другите. Барав решение и најдов трик во една група на интернет, па решив и сама да го испробам  – рече таа.

Многумина и се заблагодарија за откривањето на овој трик за кој исто така велат дека е многу успешен, а некои од нив исто така велат дека тој може да помогне и во одржувањето на растенијата и на други начини.

Ова е трикот:

Во тацната од саксијата истурете вода, одоздола и низ саксијата повлечете го тампонот, така што конецот ќе остане да виси во тацната – водата така ќе поминува низ конецот на тампонот и практично ќе имате систем за само-наводнување. Да речеме, убав трик кога патувате некаде на неколку дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот